Во рамките на одбележувањето на Неделата на младите на Црвениот крст на Република Македонија, во организација на Црвен крст Охрид се одржа младинскиот форум на тема „Мојата волонтерска приказна“. Настанот беше посветен на промовирањето на волонтерството кај младите и поттикнувањето на нивната активна улога во заедницата.
💬 Форумот овозможи споделување лични искуства, идеи и инспиративни приказни кои ја истакнаа важноста на волонтерството за личниот и општествениот развој, стекнувањето нови знаења и вештини, како и за градењето солидарна и хумана заедница. 🤝
🎤 На панел-дискусијата, четворица волонтери на Црвен крст Охрид и гостин-модератор ги споделија своите волонтерски искуства, предизвици и мотиви, посочувајќи ги вредностите што ги поттикнуваат младите да бидат дел од хуманитарните активности. Меѓу учесниците во панел-дискусијата беа и двајца ученици од нашата Гимназија: Андреј Наумоски и Ева Гиновска од прва година, кои преку своето учество придонесоа кон размената на младински перспективи и искуства.
🏫 На настанот присуствуваа и ученици од нашата Гимназија, придружувани од професорот по историја Михаил Патчев. Присуството на младите претставуваше можност за непосредно запознавање со волонтерските активности, значењето на хуманоста и солидарноста, како и можностите за активно вклучување во заедницата. По завршувањето на панел-дискусијата, присутните имаа можност да поставуваат прашања и да разменуваат мислења со учесниците. 🌟
Волонтерството е можност младите да ги претворат своите идеи во дела, да инспирираат позитивни промени и да придонесат за подобро општество. Секоја приказна е поттик за нов почеток, а секој млад човек има потенцијал да направи разлика!
