Нашите гимназијалци беа дел од Еразмус+ проектот “The small big changes” ,кој се реализираше од 19 до 23 октомври во Висеу, Португалија . Во овој проект учествуваа пет ученици, професорката Вера Јовческа – координатор на проектот “The small big changes “ и директорката на училиштето Светлана Велкоска . Со проектот стекнавме нови искуства и знаења и се запознавме со развојот во другите држави .
Ученици од различни земји нѐ придружија на овој проект и тоа : Романија, Шпанија, Турција, Португалија и Латвија. Ваквата размена ни овозможи споделување на различни знаења, идеи и стекнување нови пријателства. Веќе од првиот ден почнавме со различни активности во кои сите држави имаа можност да си ја претстават својата држава.
Активностите беа поврзани со темата и преку нив нѐ едуцираа за нови работи и идеи.
Темата на оваа мобилност беше “What happens when I use energy” т.е. како ние ја користиме енергијата и совети за како да ја штедиме енергијата и како да не влијаеме лошо врз нашата животна средина .
Различните разговори и одлуки нѐ научија како ние да постапиме со енергијата без да вршиме штетно влијание врз нашата околина .
Бевме вклучени во многубројни работилници меѓу кои највлијателна беше таа каде што правевме макета од свој град . Ни дадоа повеќе материјали и нѐ поделија по држави со цел сите да направат што е можно еколошки поразвиен град.
Освен тоа имавме можност да добиеме совети од професорите по готвење во училиштето за како да штедиме енергија при користењето на електичните апарати во кујната .
Ни дадоа тесто кое го готвевме завртено на стапче и не научија да зготвиме јајце со помош на портокал. Со ваквите активности се запознавме со работи што не би можеле да ги осмислиме сами.
Со нашето патување посетивме различни културно- историски центри и градови. Нѐ прошетаа низ градот Коимбра, каде го посетивме неговиот најстар универзитет кои содржи голем дел од португалската историја и културно наследство.
Убава беше нашата посета во Авеиро каде што видовме хидроцентрала пловевме со многу мало бродче по река и го видовме Атланскиот океан. Посетивме трговски центар каде што ни објаснуваа како во толку големо место тие штедат енергија.
Важна посета беше фабриката за био-дизел во која водичите нѐ научија како тие во нивниот град ги користат ресурсите за подобра околина.
Нашиот престој ни дозволи да се дружиме и забавуваме но истовремено на практичен начин нѐ научи за како ние и нашата држава можеме да направиме поеколошки развиен свет за нас.
Благодарни сме што бевме дел од оваа инспиративна приказна и незаборавливо искуство и дружење.


