Kонкурс за учество во Еразмус+ проект

Во согласност со правилата од грантот за проектот: ”The small Big changes“ кој е финансиски поддржан и се спроведува во рамките на Програмата Еразмус+ на Европската Унија, менаџирана од страна на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност,  Директорот нa ОСУ „Св. Климент Охридски“,  од Охрид  распишува

                                                             К  О  Н  К  У  Р  С

за аплицирање за учество на  5  ученици од трета година што преку овој проект би биле вклучени во мобилностите на Еразмус+ проектот што ќе се одржат во Валмеира(Латвија)  од 15.03-19.03. 2027

Учениците кои се заинтересирани да аплицираат за овој проект треба да достават:

  • Пополнат формулар (може да се преземе од кај педагошко-психолошката служба или ТУКА) кој се доставува до секретарот на училиштето не подоцна од

06.11.2026 до 13:00 часот

Сите апликанти ќе бидат повикани на интервју на датум 09.11.2026(понеделник) за време класен час. За интервјуто апликантите треба да подготват:

  • Есеј -подготвен на англиски јазик со наслов’’Шумите-белите дробови на планетата и нашата иднина’’

Критериуми за избор на ученици за учество во проектот:

  • успех од прво тромесечие од учебната 2026/2027година
  • поведение
  • креативност

Во случај на исполнетост на основните критериуми од страна на повеќе кандидати, предност имаат ученици кои припаѓаат на ранлива категорија ученици (ученици со самохран родител, ученици чии родители се приматели на социјална помош, ученици со посебни образовни потреби), како и ученици кои претходно не биле вклучени во други Еразмус+ проекти.                                                                                 

Директор: Светлана Велкоска                   

Датум: 03.11.2026, Охрид