По повод Светскиот ден на жените и девојките во науката, 11 февруари, наши ученички и професорки присуствуваа на настан организиран од страна на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св Апостол Павле“ во Охрид.
Целта на оваа средба е подобрување на климата во државата и во градот Охрид за што поголем број млади жени да се реализираат во STEM професиите (наука, технологија, инженерство, математика) и давање поддршка на жените која е неопходна за нивниот огромен потенцијал да дојде до целосен израз без нееднаквости и предрасуди.







