Одлични разултати на нашите ученици на општинскиот натпревар по физика

На 7.02.2025 година во нашата Гимназија се одржа општинскиот натпревар по предметот физика на кој нашите гимназијалци постигнаа одлични резултати.

Учениците кои го продолжуваат натпреварувањето на регионалниот натпревар од прва година се: Никола Танески, Јон Ѓорѓиевски и Ахмед Сулејман под менторство на проф. Јасмина Јанева. Учениците од трета година кои се пласираа на регионалниот натпревар по физика се: Елена Стојоска, Илија Волканоски, Дарио Павлески и Горазд Тримчев под менторство на проф. Виолета Никовска.

Им честитаме и им посакуваме многу успех понатаму!