На 11.04.2025 г. се реализира третото и последно предавање за оваа година од проектот “Младите за важни промени,, на кое што учествуваа и учениците од нашиот еко-тим.
Со нас беше Ивана од Eco-Logic, Скопје, а темата беше трите Р: Редуцирај, Реупотреби, Рециклирај. Зборувавме за тоа како овие три едноставни чекори можат да нè приближат до она што сите го посакуваме – зелена транзиција за подобар, почист и поодржлив Охрид.
Разговаравме и за предизвиците поврзани со ѓубриштата, за ризиците што ги носи Буково, и за тоа колку една едноставна навика – селектирање на отпад – може да значи повеќе здравје, подолг живот и подобар квалитет на живеење.
Најубавиот дел?
Замислувавме заедно каков сакаме да биде Охрид – град во кој младите ќе посакаат да останат, и да создадат живот вреден за живеење.





