Нашите ученици и наставници денес учествуваа на хуманитарната трка „Од срце трчај со срце дарувај за Кочани“ во организација на СОСУ „Св. Кирил и Методиј”-Охрид во соработка со ЈП “Билјанини извори”-Охрид.
Притоа, нашите ученици завршија со солидни резултати:
Сара Цикуш освои 3 место во женска категорија,
Андреј Симоноски освои 2 место во машка категорија, а
Ален Малик од Спортска Академија заврши трет во машка категорија.
Средствата собрани за време на овој настан ќе се донираат за помош на семејствата на настраданите во Кочани.










