Здружението на историчари на Република Македонија согласно Статутот на Здружението и Календарот за организирање на натпревари по историја за 2025 година на 17.05.2025 година го организира државниот натпревар по историја за учениците од средните училишта.
Натпреварот се одржа на Филозофски факултет во Скопје, а на учениците им беше зададен тест на знаења во кој беа содржани прашања и задачи на тема: „Јане Сандански и Македонска револуционерна организација”. За решавање на тестот, времетраењето беше ограничено на 90 минути.
Честитки до победникот, до сите учесници и менторите кои придонесоа за успешноста на овој натпревар и постигнаа значителни резултати. Нашата цел е да го зголемиме интересот на учениците за историјата на Македонија и успеавме во таа цел.




