Учиме практично, размислуваме логично – Јанина го заокружи нашиот Еразмус+ пат

Од 30 јуни до 3 јули 2025 година, Јанина (Грција) беше домаќин на финалната мобилност од нашиот Еразмус+ проект „Практичното учење е пологично“ – проект што ги надмина очекувањата и покажа колку вреди кога науката оживува преку практика!

Во текот на овие неколку дена, се обединивме ученици и наставници од различни земји за да споделиме знаења, идеи и инспирации. Активностите беа внимателно дизајнирани: интегративни игри за запознавање, презентации, рефлексии и – најважното – заедничко креирање на материјали кои ќе останат трајно наследство на проектот.

Највредниот резултат? Прирачникот за практично предавање на природните науки! Во него се вградени методи и сценарија на нашите професори: Билјана Стевоска, Славица Кичеец, Вера Гушевска – Војнеска и Виолета Никовска, кои ја прават наставата по хемија, биологија, математика и физика поангажирана, поинтерактивна и поблиска до учениците.

Наставата не е веќе само формула и дефиниција – туку креативност, истражување и реално искуство!

Развивме:

• 3 сценарија за експериментални часови

• 3 сценарија за едукативна „city game“ игра

• 9 практични сценарија за настава во училница

Проектот го затворивме со разглед на историската Јанина, он-лајн поврзување со сите досегашни учесници во овој проект од Македонија и Полска, заедничко носење заклучоци и свечена церемонија со доделување сертификати.

Ова не е крај – туку почеток на нови соработки и иницијативи. Продолжуваме да го негуваме практичното учење како клуч кон подлабоко разбирање и трајно знаење.