Со изложба на 25 дела инспирирани од богатото културно наследство и традицијата која е нераскинлив дел од животот на овие простори, што се одржа во петокот, во нашата Гимназија, охриѓанката Данче Наумоска одбележа 25 години уметничко творештво со бакар.
На изложбата насловена „Приказ на животот преку виното“ присуствуваа голем број граѓани, пријатели, блиски, кои имаа можност да ги погледнат инспиративните дела на Наумоска.
Пред присутните за творештвото на Наумоска говореше Данче Матова, историчар на уметност. Таа посочи дека уметничката го открива чудесниот свет на бакарот и ни овозможува сите да го почувствуваме преку нејзините дела.
Авторката на изложбата Данче Наумоска потенцираше дека оваа изложба за неа не е само јубилеј, туку сведоштво за еден пат што го започнала следејќи ги чекорите на татко ѝ, а ќе го продолжи нејзинот син Кирил.





