Под мотото „Младите се двигатели на одржливиот развој“ се одржа иновативниот камп кој имаше за цел да ја поттикне креативноста, знаењето и активното учество на младите во создавање решенија за позелена иднина.
Кампот беше наменет за млади луѓе со идеи, ентузијазам и желба за позитивни промени. Во текот на неколкудневната програма, учесниците имаа можност:
- да работат во тимови на развој на зелени иновативни проекти,
- да следат работилници и предавања од експерти за одржлив развој, екологија и претприемништво,
- да се вмрежат со млади лидери, организации и компании кои инвестираат во зелени иницијативи,
- да презентираат идеи пред жири и потенцијални инвеститори.
Фокусот на кампот беше поставен на иновативни решенија за енергетска ефикасност, циркуларна економија, заштита на природата и климатска акција, со што младите се охрабрија да креираат конкретни чекори за зелен раст и одржлива иднина.
Со заеднички сили да се изгради платформа каде младите гласови стануваат двигател на промени од идеја до реализација.
На кампот кој се одржуваше во хотел ,,Десарет” учествуваа учениците: Иво Георгиевски, Симона Димитриевска и Марија Шиникоска под менторство на проф. по хемија Јасминка Иваноска.
Настанот е организиран од Junior Achivment.


