Нашата ученичка Теа Донева (I-2) членка на БК ,,Аждер” го освои второто место во категоријата до 54 кг на Меморијалниот турнир во борење слободен стил ,,Јован Димитров” кој се одржа во спортската сала „Младост” во Неготино.
Ученикот Лука Колески (II-9), во Спортската академија, го освои првото место во категорија до 65 кг.
Успесите на Теа, Лука и тренерот Илија Спасески сведочат за посветеноста, храброста и спортскиот дух кои се инспирација за сите, доказ дека кога сонот се следи со срце, пот и упорност, границите исчезнуваат.


