Мултидисциплинарен дизајн на обука за родители и наставници за превенција на врсничко насилство
Универзитет во Букурешт, Романија | 22 Октомври 2025 | Хибриден формат
Меѓународна конференција MUDi 2025
За конференцијата
Меѓународната конференција MUDi се надоврзува на проектот Erasmus+ „Мултидисциплинарен дизајн на обуки за родители и наставници за превенција на насилство меѓу врсници“ (MUDI) (Референца на проектот: 2023‑1‑IT02‑KA220‑SCH‑000165248).
Конференцијата ќе обедини истражувачи, наставници и стручни лица за да разменуваат знаења за превенција и справување со насилство меѓу врсници. Ќе презентира иновативни истражувачки резултати и педагошки сознанија од проектот MUDI и ќе обезбеди платформа за рецензирани научни трудови, овозможувајќи на академици, стручни лица,ученици и студенти да се вклучат и да ги надградат резултатите од проектот.
Зошто да учествувате?
- Придонесувате во европски дијалог за превенција на насилство меѓу врсници, базиран на мултидисциплинарни пристапи во обуката.
- Се вклучувате во мрежа на наставници, стручни лица и истражувачи посветени на создавање безбедна училиштна средина.
- Можете да објавите труд во Зборникот на конференцијата што ќе добие видливост и влијание надвор од националните граници.
Упатства за поднесување
Резиме на трудот и целосни трудови
- Поднесете резиме на вашиот труд ако сакате да презентирате на Меѓународната конференција MUDi 2025, Сесија 2.
- Ако сакате вашиот труд да биде разгледан и за вклучување во Зборникот на конференцијата, треба да поднесете целосен труд:
- Должина на резимето: 250–300 зборови
- Јазик: Англиски
- Формат: наслов, автор(и), институција(и), содржина, клучни зборови (3–5). Користете фонт Times New Roman, големина 12.
- Поднесување: Испратете го како Word датотека (.docx) на claudia-iuliana.iacob@fpse.unibuc.ro
- Рок за резимето: 5 октомври 2025
- Известување за прифаќање: 12 октомври 2025
Целосни трудови (зборник на конференцијата)
- Избраните трудови ќе бидат објавени во Зборникот на конференцијата MUDi 2025 од меѓународен издавач. Зборникот ќе добие ISBN и ќе биде достапен он-лајн.
–Должина: 4.000–5.500 зборови (вклучувајќи референци, табели и слики)
–Стил: APA 7. издание
–Формат на датотека: Word (.docx)
–Рецензија: Сите поднесени трудови ќе поминат двојна рецензија од научниот комитет
–Рок за поднесување: 5 октомври 2025
–Известување за прифаќање: 12 октомври 2025
Упатства за презентација
- Должина: 15–20 минути + 5 минути за прашања и одговори
- Формат: PPT, PDF
- Јазик: Англиски
- Начин: Лично или он-лајн (хибриден формат)
- Рок за слајдови: 21 октомври 2025
Организациски комитет:
- проф. д-р Руксандра Фолоштина, Универзитет во Букурешт
- проф. д-р Клаудија Иакоб, Универзитет во Букурешт
- проф. Симона Уљано, Технички институт „Ѓузепе де Лоренцо“-Потенца, Италија
- проф. Фауста Амура, Технички институт „Ѓузепе де Лоренцо“-Потенца, Италија
- проф. Беата Валаш, Средно училиште ЗСО 5 IV – Гдањск, Полска
- проф. Ирина Бачиќ, Гимназија „Св. Климент Охридски“- ОхридС. Македонија
- проф. Черит Гулден, Средно училиште Џумхуриет Анадолу, Турција
- проф. Јурек Исмет, Средно училиште Наиле Мехмет Али Ујаник, Турција
[други членови ќе бидат додадени]
Научен комитет
- проф. д-р Руксандра Фолоштина, Универзитетот во Букурешт
- проф. д-р Клаудија Иакоб, Универзитетот во Букурешт
[Други членови ќе бидат додадени]
Важни датуми:
- Рок за поднесување на резимеа: 5 октомври 2025
- Објавување за прифаќање: 12 октомври 2025
- Рок за поднесување на целосни трудови: 5 октомври 2025
- Рок за поднесување на слајдови за презентација: 21 октомври 2025
- Датум на конференцијата: 22 октомври 2025
Контакт:
За поднесување и прашања, пишете на:
claudia-iuliana.iacob@fpse.unibuc.ro