Нашите гимназијалци од трета година, на покана на Europe House Struga, имаа можност да присуствуваат на оваа изложба чија цел е да ги запознае посетителите со тајните на универзумот, физиката на честички и европската научна соработка.
Изложбата ,,ЦЕРН и Универзумот: науката која нè поврзува“ е поставена во просториите на Diamond Mall Скопје и е организирана од Europe House Skopje во соработка со ЦЕРН и Природно-математичкиот факултет. Оваа изложба претставува водечки настан во одбележувањето на Ноќта на европски истражувачи 2025 година,најголемиот настан за наука во Европа која ги доближува истражувањата и истражувачите до јавноста.
На оваа изложба нашите ученици од трета година: Марија Цветаноска, Теодора Лазароска, Калина Јамандиева, Доротеа Димоска, Елена Веруш и Наум Трендафиловски беа учесници на овој извонреден настан во кој имаа можност и витуелно да прошетаат низ акцелераторот на ЦЕРН и да погледнат интерактивни инсталации.
