Kонкурс за учество во Еразмус+ проект: „The small Big changes“

Во согласност со правилата од грантот за проектот: ”The small Big changes“ кој е финансиски поддржан и се спроведува во рамките на Програмата Еразмус+ на Европската Унија, менаџирана од страна на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност,  Директорот нa ОСУ „Св. Климент Охридски“,  од Охрид  распишува

                                                             К  О  Н  К  У  Р  С

за аплицирање за учество на  5  ученици од втора година што преку овој проект би биле вклучени во мобилностите на Еразмус+ проектот што ќе се одржат во Тенерифе (Шпанија) месец март 2026 год.

Учениците кои се заинтересирани да аплицираат за овој проект треба да достават:

  • Пополнат формулар (може да се подигне од кај педагошко-психолошката служба или да се преземе ТУКА) кој се доставува до секретарот на училиштето не подоцна од 07.11.2025 до 13:00 часот

Сите апликанти ќе бидат повикани на интервју на датум 10.11.2025 (понеделник) во 14:30 часот. За интервјуто апликантите треба да подготват:

  • Лого кое ќе го содржи името на проектот „The small Big changes“. Логото мора да биде рачно изработено. Треба да ја одразува  идејата за заштита  на животна средина, подобрување на заедницата или моќта на малите чекори. Дизајнот треба да биде јасен едноставен и лесно препознатлив. Може да се изработи од рециклирани материјали (пр. стари списанија, весници, картон пластични капачиња, парчиња ткаенина итн). 
  • Видео-презентација на училиштето според следниве инструкции:
  • Времетраење од 2-3 минути
  • Јазик: англиски
  • Мора да се спомне името и локацијата на училиштето
  • Да се покажат просториите/објектите (барем оние кои ги сметате за поинтересни)
  • Да се наведе кои видови на образование/насоки се нудат
  • Да се додаде било која друга важна информација што се смета вредна за спомнување

Критериуми за избор на ученици за учество во проектот:

  • успех од прво тромесечие од учебната 2025/2026 година
  • поведение
  • креативност

Во случај на исполнетост на основните критериуми од страна на повеќе кандидати, предност имаат ученици кои припаѓаат на ранлива категорија ученици (ученици со самохран родител, ученици чии родители се приматели на социјална помош, ученици со посебни образовни потреби), како и ученици кои претходно не биле вклучени во други Еразмус+ проекти. 

Директор: Светлана Велкоска

Датум: 03.11.2025, Охрид