Со голема радост споделуваме дека нашите ученици учествуваа на меѓународниот музички камп во Хелсингер, Данска, од 10 до 16 октомври 2025 година.
Кампот беше дел од програмата Musikstarter, со учесници од Данска, Германија, Чешка и ние, како нивни гости.
Децата имаа прекрасна можност да создаваат музика заедно со врсници од различни земји, да учат едни од други и да настапат на незаборавен заеднички концерт.
Горди сме на сите учесници кои нè претставија со толку многу талент, енергија и радост!
