Хуманитарниот концерт „80s Hits“ ги обедини срцата со благородна цел

Големата сала во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ беше исполнета со енергија, емоции и солидарност. Професорот Љупчо Аслимоски направи одлична симбиоза од младите музичари гимназијалци и членовите на Камерниот оркестар кои приредија незаборавна вечер исполнета со хитови од 80-тите, но и со големо срце.

Настанот имаше хуманитарен карактер каде присутните охриѓани, родители, професори и љубители на музиката донираа финансиски средства кои се веќе префрлени на нашиот сограѓанин Ивица.

Благодарност до сите учесници, организатори, поддржувачи и до Општина Охрид.