Почитувани,
Со оглед на актуелната состојба донесена е одлука оваа учебна година бројот на посетители во Домот на култура за Свечената академија по повод Патрониот празник на училиштето да биде ограничен до 450 посетители. За секој ученик што ќе настапува на приредбата можат да се набават максимум 2 билети, а пријавување за истите ќе се врши од понеделник 1.12.2025 до среда 3.12.2025 кај класните раководители.
Ве замолуваме навремено да обезбедите билети за да се избегнат потенцијални непријатности. Доколку не успеете да го направите тоа, Ве замолуваме да имате разбирање и да ја почитувате донесената одлука.
Со почит,
ОСУ „Св. Климент Охридски”