Нов предизвик за учениците од Гимназијата

На ден 12.12.2025 година се одржа првиот дел од хакатон натпреварот на Електротехничкиот факултет – ФЕИТ, на кој учесниците имаа можност практично и теоретски да се запознаат со областа на телекомуникациите и мрежните технологии.

На натпреварот учествуваа нашите ученици:

  • Илија Волканоски
  • Елена Стојоска
  • Дарио Павлески
    Ментор: Елизабета Левеска.

Активностите започнаа со прошетка низ Електротехничкиот факултет, при што учесниците беа запознаени со просториите, лабораториите и условите за работа на факултетот. Потоа следуваше презентација на наставната програма по телекомуникации, каде што беше објаснета структурата на студиите, предметите и можностите за понатамошно академско и професионално усовршување.
Во продолжение, учесниците се запознаа со основите на телекомуникациите, при што беа обработени клучни поими поврзани со мрежи, пренос на податоци и комуникациски системи. Дел од програмата беше и интерактивна игра со студентите од ФЕИТ, која придонесе за подобра соработка и размена на искуства.

Како главна активност беше организиран натпревар во setup на рутер. Учесниците извршија login преку решавање математички проблеми, по што следуваше оформување на нова компјутерска мрежа. Креираната мрежа беше наменета за користење во текот на другите термини од натпреварот.

Хакатон натпреварот помина успешно и овозможи стекнување на нови знаења и практични вештини во областа на телекомуникациите, како и зголемен интерес за инженерските науки.