Гимназијалците со кампања за менталното здравје кај младите – „ДОБРО Е ДА НЕ СИ ДОБРО“

На иницијатива на Младинската заедница при ОСУ „Св. Климент Охридски“ – Охрид, оваа година се започнува со најновата кампања со цел правила грижа на менталното здравје кај младите – „ДОБРО Е ДА НЕ СИ ДОБРО“.

Во рамките на оваа кампања, која ќе трае од месец јануари до месец март, испланирано е да се реализираат повеќе работилници за менталното здравје кај младите од страна на професори и дипломирани псохолози, да се креира училишно „Катче на менталното здравје“ и завршен настан – Панел за дискусија на тема: Млади, а веќе прегорени.

Оваа кампања е со цел да се подигне свеста за важноста на емоционалната благосостојба, да се скршат стигмите поврзани со менталните потешкотии и да им се обезбедат на учениците практични алатки за справување со стресот и анксиозноста во училишната средина.