Работилница на тема: ПРОСТОР ЗА ДИШЕЊЕ, во нашата Гимназија

Во рамките на кампањата за грижа на менталното здравје кај младите „Добро е да не си добро“, утре, 28.1.2026, со почеток од 11:40, во училишната библиотека ќе се одржи работилница за тема: ПРОСТОР ЗА ДИШЕЊЕ.

На истата, предавач ќе биде проф. Марија Чанова, која преку интерактивни вежби ќе ги запознае учениците со техники за правилно дишење и методи за смирување на умот во моменти на висок стрес, помагајќи им на присутните да најдат внатрешен мир и фокус сред секојдневните училишни обврски.

Целта на оваа работилница е да им понуди на младите „алатки за прва помош“ при соочување со анксиозност и паника. Преку практичното совладување на техниките за свесност, учениците ќе научат како да го контролираат својот физиолошки одговор на стресот, да ја подобрат концентрацијата и да изградат поздрава врска со сопствените емоции.