Нашите гимназијалци во Тенерифе на Еразмус+ мобилност

Во периодот од 26 до 30 јануари се реализираше првата проектна мобилност во Гуија де Исора, Тенерифе, во рамките на Еразмус+ проектот The Small Big Changes, посветен на подигање на свеста за проблемот со пластиката и заштитата на животната средина.

Во оваа мобилност учествуваа пет ученици, двајца професори и директорката на нашата Гимназија. Преку различни едукативни и практични активности имаа можност да учат, истражуваат и делуваат: учествуваа во работилници за пластика, чистеа плажа во соработка со НВО Innoceana, посетија фабрика за третман на отпад и работеа на креативни задачи како подкасти, постери и трифолд брошури. Покрај тоа, тие остварија и едукативни посети на Сан Кристобал де Ла Лагуна и Универзитетот во Ла Лагуна, каде што стекнаа нови знаења и инспирација.

Мобилноста се заокружи со презентација на ученичките кампањи, доделување сертификати и многу незаборавни заеднички моменти кои ќе се паметат долго.