Гимназијалците успешни по математика

На регионалниот натпревар по математика кој што се одржа на 14.02.2026 година, нашите гимназијалци повторно се истакнаа со своето знаење, логичко размислување и умешност во решавањето на сложени математички задачи, освојувајќи награди и пофалници. Овој успех е резултат на нивната посветена работа и континуираната поддршка од професорите, а воедно претставува голем поттик за понатамошни натпреварувања и успеси.

Тие ги постигнаа следните резултати:

I година

Климент Укоески, 3 награда, ментор Снежана Цветковиќ

II година

Ахмед Сулејман, 1 награда, ментор Александра Томоска

Антонија Павловска, 2 награда, ментор Александра Томоска

Јон Ѓорѓиевски, пофалница, ментор Вера Јовческа

На учениците и нивните ментори им ги честитаме наградите и им посакуваме многу успех на државниот натпревар.