Како дел од иницијативата „Училишта без пластика“, од која активен дел се и нашите гимназијалци, училишниот Еко-клуб реализираше информативна обиколка низ сите класови. Учениците ги запознаа своите соученици со значењето на селекцијата на отпад и ги презентираа новите канти за одвојување отпад поставени во училиштето.
Со оваа активност се поттикнува еколошката свест и одговорното однесување кон животната средина, како чекор кон почисто и поодржливо училиште.







