Имаме државен првак по математика!

Гимназијата доби државен првак по математика.

На државниот натпревар по математика кој се одржа минатата сабота на Природно-математичкиот факултет во Скопје, нашиот ученик Ахмед Сулејман од II-2 го освои првото место освојувајќи ги сите 100 поени под менторство на професорката Александра Томоска.

Со 3 награда се закити ученикот Климент Укоески од I-6 под менторство на проф. Снежана Цветковиќ.

Им честитаме на учениците и на менторите, а на Ахмед му посакуваме многу успех на претстојната Математичка олимпијада.