Гимназијалците со хумано срце – традиционален концерт со голема мисија!

Годишниот традиционален хуманитарен настан повторно ги обединува младите таленти и хуманоста на едно место!

Во сабота, 28 март 2026 година, со почеток во 20:00 часот, во просториите на НУЦК „Григор Прличев“- Охрид, гимназијалците ќе приредат незаборавна вечер исполнета со филмска музика, емоции и солидарност.

Публиката ќе има можност да ужива во богата програма подготвена од учениците, кои преку својот талент и енергија испраќаат силна порака за заедништво и поддршка.

Картите се веќе во продажба во Гимназијата.
Бројот на карти е ограничен – обезбедете го вашето место навреме!

Хуманата цел на овој настан е особено важна – сите собрани средства ќе бидат донирани за Ева, со што секој посетител станува дел од една поголема приказна на надеж и помош.

Дојдете и поддржете ја нашата “Филмовизија”!