Ви ги споделуваме интервјуто на директорката за емисијата „Живо и гласно“, во врска со активностите и успесите на нашата Гимназија, која се издвојува по силниот ангажман во областа на екологијата, образованието и хуманитарната работа. Овој разговор, во склоп на отворените денови на училиштето, е и најва за настанот Отворен ден на Гимназијата кој ќе се одржи на 29 април 2026 година.
Водител: Госпоѓо Велкоска, благодарам што сте со нас во ,,Живо и гласно”. Еко-тимот од вашата Гимназија е еден од најактивните и ми го привлече вниманието. Кои се активностите кои можеме да ги најавиме и претставиме во ,,Живо и гласно”?
Директор: Нашиот еко-тим се една поголема група од професори и ученици коишто се залагаат за една позелена иднина на младите генерации и создавање на едни квалитетни навики коишто ги гледаме секаде во Европа и во светот. Најчесто тука се професорите од предметите Биологија и Хемија кои со големо задоволство работаат со нашите ученици во создавањето на тие навики. Веќе имаме канти за отпад коишто се обележани за селектирање на отпадот.
Водител: Што селектирате?
Директор: Хартија, пластика и останат отпад. Потоа сето тоа се пренесува во големите контејнери коишто се позади училиштето исто обележани со боите на селектираниот отпад и имаме селектирање на електронскиот отпад. Посебен контејнер имаме исто така за текстил. Училиштето е отворено за селектирање на тој текстилен отпад секој последен петок во месецот и граѓаните носат таков отпад во нашиот контејнер за текстилен отпад во соработка со општината и со градското јавно претпријатие Комуналец од Охрид.
Водител: Притоа соработувате со 10 средни и шест основни училишта ако не се лажам ја спроведувате програмата ,,училиште без пластика”. Сите училишта се од Охрид или има и од други градови?
Директор: Имаме и од други и од околината на Охрид. Нашите едукативни програми што ги имаме во самото училиште на оваа тема ги развиваме и кај другите ученици во помалите училишта, односно во основните школи. Во соработка исто така сме со средните училишта и посебно можам да истакнам дека секогаш сме во соработка со организацијата ,,Збогум Буково” коишто секогаш соработуваат за чистење на плажите во езерото, за пошумување и засадување на зелени површини како во училиштата така и надвор. Соработуваме и со поголеми компании кои работат во градот и имаме доста донации на садници коишто ги засадуваме во училиштето и надвор во зелените површини на градот.
Водител: Дали мислите дека младите го препознаваат значењето за заштита на животната средина или мислите дека младите генерации се повеќе освестени од нас возрасните?
Директор: Искрено како директор на нашето училиште гледам дека може доста да научиме од младите. Од нив имаме голема поддршка и секогаш се весели и радосни кога ќе имаме вакви акции. Секогаш земаат големо учество, а во однос на граѓаните на пошироко ниво, на градот, мислам дека треба многу да се едуцираме во тој поглед и преку нашите млади ученици кои се веќе ангажирани во вакви работилници и акции дека ќе допреме до секој граѓанин на градот, бидејќи Охрид е и туристички град.
Водител: Овој период вашите ученици се подготвуваат за државните натпревари по различни предмети и традиционално бележат одлични резултати. Годинава имате претставник и на математичката олимпијада.
Водител: А од друга страна пак се дел и од хуманитарните акции што се организираат во вашиот град?
Директор: Нашите ученици активно и пожртвувано учествуваат во државни и регионални натпревари и секогаш добиваме високи награди. Овие талентирани деца имаат огромна поддршка околу хуманитарните акции, на пример традиционалниот велигденски базар каде земаат учество нашите ученици и професори.
Водител: До каде сте со подготовките за отворениот ден?
Директор: Веќе активно работиме на промоција на училиштето, на новата концепција за гимназиско образование и промоција за идните гимназијалци. На големиот настан ,,Да живееме едни со други, а не едни покрај други” се вклучуваат и други училишта од општината, Струга и други школи. Отворениот ден ќе се одржи на 29 април во дворот на нашето училиште. Исто така имаме учество на гости од Данска преку Еразмус проекти.
Водител: За крај, до каде сте со реконструкцијата на зградата на Гимназијата?
Директор: Станува збор за стар објект од 1908 година, дел од културното наследство. Во последните четири години се вложени околу 100 милиони денари за реконструкција — кров, ѕидови, тавани, дограма, греење и ладење. Учениците продолжуваат со нормална настава непречено. Досегашните проекти беа тековно реализирани, а во летниот период ќе завршиме со поголемите зафати. Од 1 септември се враќаме на нормална настава. Бидејќи сме една смена досега сè се координира со изведувачите без никаков проблем.
Водител: Ви благодарам за овој разговор.
Директор: Убав ден и среќни празници, и вам и на сите слушатели на радиото.

