Во рамки на националната еко-инијатива „Еко час“, организирана од Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието како дел од големата пролетна акција за чистење „Генералка викенд“, нашето училиште активно се вклучи во низа активности за подигнување на еколошката свест кај младите.
Како дел од иницијативата „Училишта без пластика“, од која активен дел се и нашите гимназијалци, училишниот Еко-клуб реализираше информативна обиколка низ сите класови. Учениците ги запознаа своите соученици со значењето на селекцијата на отпад и ги презентираа новите канти за одвојување отпад поставени во училиштето.
Во училиштето редовно се употребува и новиот контејнер за одлагање текстилен отпад, со што дополнително се поттикнува правилното селектирање и рециклирање на материјалите.
Преку овие активности учениците учат дека грижата за животната средина започнува од секојдневните навики и личната одговорност. Со заеднички труд и активно учество придонесуваме кон создавање почиста, поздрава и поодржлива училишна средина.
Нашите гимназијалци уште еднаш покажаа дека младите можат да бидат двигатели на позитивни промени и вистински пример за еколошка одговорност.





