Известување за уписот на ученици во I година за учебната 2026/2027 година

Драги деветтоодделенци,

Во пресрет на уписите во средно образование ве известуваме дека:

ПРВОТО електронско пријавување во јунскиот уписен рок ќе се одвива:

од 12 јуни 2026 година

до 15 јуни 2026 година

со аплициње на следниот линк https://e-uslugi.mon.gov.mk

За сите кои ќе имаат потреба од помош при електронското пријавување, Гимназијата ќе обезбеди техничка поддршка во нашите простории, во следните термини:

12.06.2026 (петок): 10:00 – 16:00 часот

15.06.2026 (понеделник): 10:00 – 16:00 часот

Доставување на потребната документација во училиштето:

▪️ 16 јуни 2026 — од 08:00 до 19:00 часот

▪️ 17 јуни 2026 — од 08:00 до 15:00 часот

КОНЕЧНАТА ранг‑листа со резултатите од запишувањето и слободните места ќе биде објавена на

18 јуни 2026 година

на огласната табла на училиштето и на официјалната веб‑страница на училиштето.

ВТОРО пријавување:

ЕЛЕКТРОНСКО пријавување на 23 јуни 2026 година,

ПРИЕМ на документи* на 24 јуни 2026 година,

ОБЈАВУВАЊЕ на резултати, на 25 јуни 2026 година.

*документите ќе се поднесуваат директно во канцеларијата на секретарот на училиштето од 8:00 до 15:00 часот.

ТРЕТО пријавување:

ЕЛЕКТРОНСКО пријавување 20 август 2026 година,

ПРИЕМ на документи* на 21 август 2026 година,

ОБЈАВУВАЊЕ на резултати, на 22 август 2026 година.

*документите ќе се поднесуваат директно во канцеларијата на секретарот на училиштето од 8:00 до 14:00 часот.

Ве очекуваме!