Гимназијалците на Симпозиумот за Светскиот ден на филозофијата во Скопје

Предводени од проф. Јане Богоески, тројца ученици од нашето училиште присуствуваа на Симпозиумот по повод Светскиот ден на филозофијата, кој се одржа на 17.11.2026 во Свечената сала на Филозофскиот факултет во Скопје.

​Низ инспиративни излагања и средби со академската заедница, учениците имаа можност да ја доживеат филозофијата надвор од училишните клупи. Посебно значаен момент беше свеченото доделување на наградата за животно дело “Константин Филозоф” на истакнатата универзитетска професорка Проф. д-р Вера Георгиева, што претставуваше посебна инспирација за младите.

​Ваквите настани им помагаат на учениците да ги прошират своите хоризонти и да ја негуваат филозофската мисла како животен став.