ЈАВЕН ОГЛАС – ПОКАНА ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ПОНУДИ

Врз основа на член 19 од Правилникот за начинот на изведување на училишните екскурзии на учениците од средните училишта, Комисијата за спроведување на постапката за екскурзија при ОСУ„Св.Климент Охридски“ – Охрид, објавува

ЈАВЕН ОГЛАС – ПОКАНА ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ПОНУДИ

1. Договорен орган

назив: Општинско средно училиште „Св.Климент Охридски“ – Охрид

адреса: ул.Димитар Влахов бр.71, 6000 Охрид

интернет адреса: http://gimnazijaohrid.com/

контакт: тел.046 262217 е-пошта svklimentohridski@yahoo.com

2. Oпис на услугата

Екскурзија со учениците од III година во учебната 2016/2017 год. во Чешка со посета на Будимпешта, Прага, Дрезден и Виена во периодот од втора половина на април – прва половина на мај 2017 год.

3. Минималните услови кои треба да ги исполни понудувачот и документите кои треба да ги достави како доказ за исполнување на условите се наведени во тендерската документација составен дел на овој оглас, која може да се подигне лично кај секретарот на училиштето или да се преземе ТУКА

4. Критериум за избор на најповолна понуда е најниската цена.

5. Рок, место и начин на доставување на понудите

Понудата заедно со целокупната документација се доставува до ОСУ„Св.Климент Охридски“ – Охрид ул.Димитар Влахов бр.71, 6000 Охрид во затворен плик со назнака „Понуда по јавен оглас за екскурзија со учениците од III година“ и забелешка „не отварај“, во рок од 5 (пет) работни дена од денот на објавување на огласот.

Комисија за спроведување на постапката за екскурзија при ОСУ„Св.Климент Охридски“ – Охрид