Професори од Полска во посета на Охридската гимназија

Во текот на изминатата седмица Охридската гимназија беше домаќин  на професори од факултети, средни училишта и основни училишта од Гдањск, Република Полска. Во текот на посетата гостите од Полска имаа можност да се запознаат со основните на вопспитно-образованата работа во нашето училиште, се интересираа за успехот и резултатите на нашите ученици, а особено интерес пројавија за наставните програми и начинот на полагање на државна и училшна матура. Изразија интерес за продлобчување на соработката и проширување со разни проекти вклучително и размена на ученици.

За време на посетата гостите имаа можност да се запознаат со богатото културно-историско наследство на градот Охрид, каде спаѓа и Охридската гимназија и нејзината зграда која датира од почетокот на 20 век.