Работна посета на училишниот хор во Минхен – Гимназијата во Оберхакинг

Од 23 до 27 Октомври 2017 година 50 членови на нашиот училишен хор престојуваа во Оберхакинг, Минхен на покана од гимназијата Оберхакинг. За време на престојот беа организирани работилници на кои учениците од двата хора учеа нови композиции. Нашиот хор со помош на професорката Рикарда Гери ја научи композицијата Ехо од Орландо ди Ласо ( композитор кој најголем дел од животот го поминал во Минхен) а нивниот хор со помош на професорот Алекдандар Димоски ја научи композицијата Боже чувај ја од зло. Двата хора настапија на заеднички концерт на кој изведоа своја и заедничка програма. Домаќините секој ден организираа разгледи на интересни места: првиот ден со помош на професорите Хуберт и Лудвиг се разгледа центарот на Минхен, вториот ден замокот Нимфенбург , а третиот ден Минхен по слободен избор шопинг, прошетка или посета на музејот Минхен резиденс. Секоја вечер беа организирани дружења, а учениците стекнаа нови пријатели. Поминавме прекрасно време во Германија. Влагодариме Обеехакинг ! Благодариме Рикарда !  Thank you Oberhaching , thank you Ricarda !