Kонкурс за учество во Еразмус+ проект

Во согласност со правилата од грантот за Проектот  2022-1-PL01-KA210-SCH-00084734Through Art and to Art – Theater of the Item – Poland, кој е финансиски поддржан и спроведуван во рамките на Програмата Еразмус+ на Европската Унија, а менаџирана од страна на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност,  Директорот нa ОСУ „Св. Климент Охридски“  од Охрид  распишува:

К  О  Н  К  У  Р  С

за аплицирање за учество на 1 ученик од машки пол од прва година кои во моментот на аплицирање имаат 15 години , кои преку овој проект би биле вклучени во Еразмус+ програмата, односно мобилноста што  ќе се одржи во април  2023 г. во Русе, Бугарија.

Учениците кои се заинтересирани да аплицираат за оваа обука треба да достават:

  • Мотивационо писмо;
  • Пополнат формулар (кој може да се преземе од кај педагошко,психолошка служба или од ТУКА ).

Документацијата се доставува до секретарот на училиштето не подоцна од 21.02.2023 година.

Сите апликанти ќе бидат повикани на интервју на датум кој дополнително ќе биде определен. За интервјуто апликантите треба да подготват усна презентација на следнава тема:

Theater as an art of expression

Критериуми за избор на ученици за учество во проектот:

  •  искуство од учество во театарски претстави
  • искуство во креативно пишување (литературни конкурси)
  • успех од претходната година
  • поведение
  • мотивационо писмо
  • усна презентација

Во случај на исполнетост на основните критериуми од страна на повеќе кандидати, предност имаат ученици од јазичната паралелка, ученици кои припаѓаат на ранлива категорија ученици (ученици со самохран родител, ученици чии родители се приматели на социјална помош, ученици со посебни образовни потреби), како и ученици кои претходно не биле вклучени во други Еразмус+ проекти. 

17.02.2023, Охрид