Нашето училиште дел од обуката со едукатори од Белгија и Шкотска

Психологот Алберта Гулицоска и училишниот асистент Јане Тодороски беа дел од тридневнатата обука со едукатори од Белгија и Шкотска со цел зајакнување на компетенциите, а воедно и споделување на искуства на нашите наставници со наставниците од спомнатите земји. Вработени во различни институции, поголем дел во делот за образование на возрасни, раскажуваа за предизвикот на инклузија, интеграција на студенти бегалци кои учат нов јазик, но и се соочуваат со нова култура. Фокусот беше на важноста на социо емоционалните вештини, емпатијата, флескибилноста, комуникацијата и др. За време на нивниот престој тие ги посетија и средните училишта во градот.
Обуката беше реализирана во рамките на Еразмус проект .