Одлични резултати на нашите ученици на државниот натпревар по физика

На 29.4.2023 на Природно-математичкиот факултет во Скопје се одржа Државниот  натпревар по физика. На натпреварот нашите ученици успешно ја претставија Гимназијата.

Од прва година Дарио Павлески –II награда, ментор Виолета Никовска.

Од трета година Горазд Блажески – пофалница, ментор Димитрија Паункоски.

Од четврта година Ева Китрозоска – II награда и Кристијан Шишкоски – III награда, ментор Јасмина Јанева.

На Републичкиот натпревар успешно учество имаа: Горазд Тримчев ,Илија Волканоски и Софија Ставрева од прва година и  Константин Лушевски од трета година.