Еразмус+ посета на ученици и наставници од средни училишта од областа Карабук, Турција

Нашето училиште од 8 до 12 мај беше домаќин на десетина ученици и шест наставници кои реализираа мобилност во рамки на Еразмус + акредитација спроведена од Националниот директорат за образование на Карабук, Турција. Во текот на нивниот престој дел од наставничкиот кадар беше ангажиран во повеќе активности: разглед и презентација на историјата на училишната зграда, размена на искуства во воспитно-образовниот процес преку посета на часови, добри практики при училишни и вонучилишни активности, додека учениците уживаа во разгледот на Охрид со класот I-4, како и шаховскиот турнир организиран со поддршка од активот по спорт.