Нашите гимназијалци учествуваа во јавната дебата за насилство кај децата

На 22-ри Мај во големиот амфитеатар на Филозофскиот факултет се одржа јавна дебата за насилството кај децата. На настанот присуствуваше Министерот за образование и наука, професори од Филозофскиот факултет, претседателот на Сојузот на средношколци и тимови од средните училишта. Нашето училиште го претставуваа учениците Марија Крушароска и Петар Крцоски под менторство на педагогот Кристина Танеска. Учениците споделија многу искуства и ставови во однос на ефектите од детското насилство врз менталното здравје и благосостојба, улогата на училиштата во спречувањето на насилството кај децата, важноста на вклученоста на заедницата во справувањето со насилството кај децата, влијанието на социјалните медиуми врз насилството кај децата и дадоа предлози за справување со врсничкото насилство и обезбедување безбедна средина за СИТЕ ученици.