Денес во спортската сала ,,Тодор Александров,, во Велгошти се одиграа зонските натпревари во ракомет за средни училишта. Во финалето се сретнаа ОСУ„Св.Климент Охридски“ Охрид и ОСУ ,,Мирко Милески,, Кичево. Во фер и коректен натпревар победата ја заслужи Гимназија со резултат 25:20, со што Гимназија се пласира на регионалните натпревари. Честитки за сите учесници на зонските натпревари.