Одлични резултати на регионалниот натпревар по македонски јазик и литература и пласман на државен на повеќе наши ученици!

На регионалниот натпревар по македонски јазик и литература кој се одржа на 13. 04. 2024, прво место со максимум сто бода освоија ученичките од прва година Теодора Лазароска и Јована Николоска, ментор проф.м-р Ирена Бачиќ. Исто така на државниот натпревар се пласираа и ученичката Ана Томоска од втора година, ментор проф.Светлана Огненова и ученичките од трета година Христина Лазеска и Теодора Гиноска , ментор проф.м-р Перчо Божиноски.