На 13-ти април 2024 нашето училиште беше домаќин на регионалниот натпревар по хемија за средно и основно образование.
На натпреварот за средно образование зедоа учество 30 ученици од 8 општини од западниот регион на Македонија. Нашите ученици ги освоија првите места во регионот и се здобија со пласман за државен натпревар кој ќе се одржи на 31-ви мај на Природно математичкиот факултет во Скопје.
Во III категорија – ментор Билјана Стевоска
1 место – Климент Велкоски
2 место – Ангелина Јолеска
3 место – Митко Савев
3 награда – Бобан Мијаковски
3 награда – Калина Стојаноскa
Ученичките Mарија Рувинова II категорија – ментор Христина Кузманоска и Јана Џамтоска III категорија – ментор Билјана Стевоска , се здобија со сертификат за учество на натпреварот.
Им посакуваме добар успех на државниот натпревар.



