Еразмус+ посета од Карабук, Турција

Во период од 16 до 20  Септември 2024 година, гимназијата беше домаќин на група ученици и професори од две училишта од Карабук, Турција. Во рамки на “job shadowing” и групната мобилност на Еразмус проектот (2023-01-TR01-KA121-SCH-000165968), тие ја следеа наставата во нашето училиште, а беа и дел од работилниците на тема селектирање и рециклирање отпад, преработка на користените материјали за добивање нови производи  и важноста за зачувување на животната средина во рамки на предметот биологија, како и уметничката работилница на тема дрвата околу нас, со проф. Емилија Трајческа, Дарко Цветкоски (информатика и е -отпад)  и Катерина Слатинова, додека за културолошкиот дел се погрижи психологот Алберта  Гулицовска. Ученици од нашата гимназија беа активно вклучени во натпреварите, а после работниот дел ги запознаваа гостите со локалните туристички знаменитости, на заемно задоволство.