Завршна активност на возбудливиот Еразмус+ проект: „Младински клуб на љубители на светот на растенијата”

Завршија активностите од нашиот возбудлив  Еразмус+ проект „Младински клуб на љубители на светот на растенијата” во Луков, Полска  23-27.09.2024, координиран од проф. Григор Ангеличин Жура.

Покрај учениците од нашата гимназија, учествуваа и ученици од: Португалија, Полска и Турција.

Главни цели на проектот:

  • Научивме за различни растителни заедници и видови, вклучувајќи тревести растенија, грмушки и дрвја, природни делови на флората.
  • Спроведовме истражувања за природната околина и влијанието на растенијата врз човековото здравје и живот.
  • Изградивме емоционални врски со природата и научивме за заштита на ретки и загрозени растителни видови.
  • Развивавме меѓународна соработка во заштитата на животната средина.

Што научивме?

Дигитални вештини за млади луѓе! Го унапредивме нашиот дигитален потенцијал преку едукација и размена на знаење.

Развивавме меѓучовечки вештини: комуникација, тимска работа, решавање конфликти  и градење на позитивни врски.

Ги истраживме растенијата во Варшава, Луков и други региони: Ботаничка градина на Универзитетот во Варшава, Кралскиот парк  Лаженки и  резерватот  Крвиа Виспа.

Присуствувавме на 10-годишнината од основањето на фондацијата во Јавната библиотека во Ставе Кобијалки, каде што ги претставивме нашите резултати и учествувавме на културна вечер во заедничкиот дом во Вола Киселска.

Ова беше неверојатно искуство кое ни помогна да создадеме нови пријателства, развиеме дигитални и граѓански компетенции, и да ја подигнеме свеста за значењето на природата.

Продолжуваме со посветеност за заштита на растенијата и природната околина!