Гимназијалците на работилница “Младите за важни промени,, во Касарна HUB – Охрид

На 15.02.2025 г. се реализира првата работилница од програмата “Младите за важни промени,,.
Оваа работилница се одржа во Касарна HUB во која учествуваа четири средни училишта, меѓу кои беа и нашите ученици – ОСУ “Св. Климент Охридски,, – Охрид.
Во рамките на оваа активност учениците имаа можност да се запознаат со природните богатства на регионот, нивната исклучителна важност, како и негативните влијанија од климатските промени. Оваа едукација беше спроведена од страна на: Орхидеја Тасевска – Директор на ЈНУ Хидробиолошки завод – Охрид (Охридското езеро – биодиверзитетот и закани); Ѓоко Зороски – еколог, Екотуризам 2016, Охрид ( Блатните екосистеми – сојузници во борба против климатските промени) и Ангела Тасеска Михајловска – биолог, НП Галичица (Значење и закани на заштитените подрачја во Македонија).
Оваа работилница беше успешно реализирана, а со нови знаења се стекнаа сите присутни, особено младите ученици, бидејќи правото за чиста и здрава животна средина е фундаментално граѓанско право чие целосно и доследно почитување претставува услов за подобро здравје, поквалитетен и подолг живот на граѓаните. Затоа секој граѓанин е подеднакво должен да го штити, чува и унапредува природниот екосистем.