Тридневни активности од Erasmus+ проектот ,,Liter Liter Ecological Environment” во Лоџ, Полска

Од 11-ти февруари 2025 година, ученици и професори од нашата Гимназија заедно со училишта од Романија (Клуж Напока), Турција (Измир) и домаќините од Полска (Лоџ), учествуваа во проектот „Liter Liter Ecological Environment“, фокусирајќи се на еколошките предизвици и одржливоста.

Ден 1: Запознавање со училиштето и градот Лоџ
Првиот ден започна со обиколка на Publiczne Liceum Ogólnokształcące Politechniki Łódzkiej, каде откривме модерни училници, футуристични библиотеки и интерактивни простории за учење. Со неколку игри и креативни активности, создававме атмосфера на соработка и дружење. Следуваше официјално отворање на проектот и презентации за еколошки значајни личности од земјите учеснички.
Попладнето, учениците ја истражуваа градската историја, вклучувајќи споменици како меморијалот на Лицманштадт гето, кој е значаен за локалната историја на Втората светска војна.

Ден 2: Научни и еколошки активности
На Универзитетот за технологија во Лоџ, учениците истражуваа  еко-новини:  Дали искористеното масло за готвење е само отпад или може да биде вистински еколошки „свет грал“? Откривме дека може да се преработи во ценета  суровина! Покрај тоа, се запознавме со микробите кои работат зад сцената и создаваат масла со неограничени можности! По теоретскиот дел, следеше прошетка низ Лоџ за да се запознаат со урбаното планирање и архитектура. За крај на денот, учениците се вклучија во традиционално полско готвење и печење на колачи во домашни услови, промовирајќи еко-одржливост преку локални производи.

Ден 3: Завршни активности и културна размена
Третиот ден започна со обработка на видеа од готвењето, кои беа направени во претходните денови. Следуваше разгледување на Клуж Напока, каде учениците имаа слободно време за истражување на градот.
На крајот од денот, се одржа фолклорен  танц и културна размена, при што учесниците научија традиционални танци од различни земји.

Проектот „Liter Liter Ecological Environment“ беше одлична можност за размена на знаење и искуства помеѓу ученици од различни земји, при што се истражуваа иновации во еколошката област и се создаде меѓусебна почит и разбирање.