На 7.3.2025 година, на Природно-математичкиот факултет во Скопје, се одржа државниот натпревар по математика, каде што учествуваа три наши ученици.
Од прва година беа учениците Јон Ѓорѓиески и Ахмед Сулејман, а од трета година Дарио Павлески кој освои пофалница под менторство на проф. Александра Томоска.
Им честитаме на нашите ученици и им посакуваме успеси понатаму.