Еразмус+ проектот ,, Практичното учење е пологично” – искуство за паметење!

Од 10 до 14 март 2025 година, нашите ученици и наставници имаа уникатно искуство во Даброва, Полска, каде се одржа мобилноста од  Еразмус+ проектот „Практичното учење е пологично“.

Проектот започна со  церемонија за добредојде, па продолжи со динамични активности кои ги вклучуваа сите учесници во разни образовни игри, културни тури и практични работилници. Времето поминато во Даброва беше вистинско потврдување дека учењето преку пракса е најдобриот начин за развој и стекнување нови вештини!

Што се случуваше?

Проектни групи и тимски активности: Зборувавме за проектот, делевме искуства и се запознавме преку забавни игри кои ја поттикнаа креативноста и тимската работа.

Едукативни игри: Докажавме дека математиката и уметноста може да се пронајдат низ градот додека ги истражуваме пропорциите во архитектурата!

Културни и образовни екскурзии: Во Бјалисток се запознавме со богатото наследство, музеите и историските знаменитости, вклучувајќи го и прекрасниот Браницки дворец.

STEM работилници: Практичните активности како изработка на пилинг за тело од кафе со природни материјали и изработка на куќички за инсекти го поттикнаа нашето разбирање за одржливоста и науката.

Натпревар во гаѓање: Вистинска забава за сите во виртуелни и воздушни стрелачки натпревари.

Заклучок: Проектот е доказ дека учениците најдобро учат кога се вклучени активно и кога праксата и теоријата се спојуваат. Беше неверојатно да се биде дел од ова патување, кое остави печат на сите нас!