III награда за програмирање на државен натпревар по информатика

На 22.03.2025 на факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) во Скопје се одржа XXXVI државен натпревар по информатика – област програмирање.

Нашите ученици постигнаа одлични резултати.

Климент Велкоски од IV год. освои III награда – ментор проф. Елизабета Левеска

Илија Волканоски од III год. пофалница – ментор проф. Елизабета Левеска

Им честитаме на учениците и менторот и им посакуваме уште поголеми успеси.