На 12 април 2025 година се одржа регионален натпревар по англиски јазик. Гимназијалците се претставија во одлично светло и постигнаа солидни резултати.
Од прва година ученичката Михаела Стефаноска освои втора, а Сара Котеска прва награда под менторство на проф. Сузана Ристеска.
Од втора година Јована Шутароска освои трета награда под менторство на проф. Љубинка Јанева Дукоска, а од трета година Исидора Маркоска освои втора, а Јован Попоски прва награда под менторство на проф. Ана Топенчарова Коваческа.
Првонаградените и второнагредените ученици обезбедија пласман и на државниот натпревар по англиски јазик кој ќе се одржи на 10 мај 2025.
На четворицата пласирани им посакуваме успех.