Одиме на државен и по историја

На 13.04.2025 година се одржа регионален натпревар по историја, каде нашите ученици се претставија во прекрасно светло и завршија со одличен пласман.

Регионалниот натпревар го поминаа и се пласираа на државен натпревар следните ученици:

прва година:

I 4 Ангел Трајчески

I 5 Димитар Велкоски

* ментор Елена Николоска

втора година:

II 4 Дејан Буџакоски

* ментор Григор Ангеличин Жура

трета година:

III 6 Евгенија Ставрева

III 6 Марко Гашоски

III 8 Дафина Талевска

III 8 Викторија Трајческа

* ментор Михаил Патчев

Државниот натпревар по историја за учениците од средните училишта ќе се одржи со физичко присуство на учениците на 17.05.2025 година во 11 часот во просториите на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Им честитаме на нашите ученици и ментори. Им посакуваме многу успех на државниот натпревар.